fbpx

Да го зад нас оставиме времето на поделби, реваншизам и омраза. Еден од условите за намалување на поларизацијата во општеството е преку намалување на поларизацијата меѓу институциите, порача претседателот Стево Пендаровски, на обраќањето на Деполаризација на јавниот дискурс: македонскиот „невидлив“ критериум за членство во ЕУ“, воконференција организирана од Институтот за општествени и хуманистички науки.

Иако декларативно имавме обединување околу стратешките цели, тука освен ЕУ и НАТО го спомнувам и Рамковниот договор, за жал, наидовме на многу опструкции кои беа далеку од конструктивни критики и забелешки кои ни одземаа многу време и енергија како држава. Сега кога сме на прагот на формалчно членство во НАТО и пред почеток на преговорите со ЕУ, повторно сме соочени со ново, дополнително поларизирање на односите недоведба и малодушност. Сигурен сум дека оддалечувањето од целта, осносно понатамошното одолговлекување на процесот на интеграциите, само ќе го продлабочи јазок како на интраретнички така и на интеретнички план и дополнително ќе ги засили политиките на поделби, омраза, конфликти и предрасуди“, – изјави претседателот Стево Пендаровски.

Алсат

Shpërndaj me

Loading...