fbpx

Под слоганот „Победа за сите“ Македонија денес ги празнува двата Илиндена. 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ. Обраќајќи се од меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, претседателот Стево Пендаровски рече дека државата која се соочува најголемата криза предизвикана од корона пандемијата мора што побрзо да ја поттикне економската активност без да навлезе во вртлогот на финансиското задолжување и неконтролирано зголемување на јавниот долг. Toj побара што побрзо формирање на нова Влада која ќе ја нема комоцијата од 100 дена, туку веднаш ќе треба да се фати со работа. Како клучни проблеми во државата Пендаровски ги наведе нееднаквоста на пред законот и корупцијата – на овие два сегменти треба да се работи без да се чека старт на преговорите со Унијата.

Партизирањето и етнизирањето на институциите го поткопува нивниот демократски капацитет и легитимитет и на краток и на долг рок. Граѓанското помирување е основен услов за функционирање на едно демократско плурално општество, а демократијата е претпоставка за економски развој. Тогаш кога ќе научиме дека политиката е битка на идеи, а не борба на живот и смрт и дека од промената на власта не смее да зависи оставрувањето на правата и слободите на секој граѓанин дури, тогаш ќе имаме вистински демократска држава – изјави Стево Пендаровеки – претседател на државата.

Премерот Оливер Спасовски во своето обраќање на скопската тврдина Кале порача дека треба да продолжиме да го негуваме Концептот едно општество за сите и да се зајакнеме заедништвото кое како завет ни е оставено со Крушевскиот манифест и со АСНОМ.

Принципите на Илинден не се свртени кон минатото туку кон иднината. Илинден е длабоко врежан во нашата меморија но како живо наследство. За нас овие принципи се нај јасен патоказ за нашиот пат кон ЕУ. Тоа се европските вредности и вредностите на НАТО како Сојуз на кој му припаѓаме како полноправна членка една од нашите стратешки цели кои ја остваривме оваа година -рече Оливер Спасовски, претседател на Влада.

Претседателот на Собранието Талат Џафери кој требаше да се обрати од Мечкин камен но поради здравствената состојба беше спречен, испрати писмено соопштение.

Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности. Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Република Северна Македонија, почитувајќи, уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот – стои во честитката од претседателот на Собранието.

На Мечкин камен зборуваше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. На чествуваше имаше само мал број на присутни, бидејќи оваа година празникот се одбележува со посебни мерки на заштита поради корона кризата и сите културни манифестации беа откажани.

Весна Велкова

Shpërndaj me

Loading...