Оваа онлајн конференција се одржува во време на глобалната пандемија на Ковид-19, која јас мислам не само што не треба да нè дефокусира од адресирањето на климатските промени, туку може да ни даде и нова перспектива за согледување на ова прашање, рече претседателот Стево Пендаровски во он лајн обраќањето на јубилејната меѓународна конференција за европски интеграции, годинава на тема „Климатски промени: предизвици и градење отпорност“, што ја организира на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

– Пандемијата доведе до забавување, некаде и до целосно запирање на индустријата, на производството, на транспортот во многу земји во светот. Краткорочно, тоа има позитивен ефект врз животната средина. „Оксфорд аналитика“ проценува, на пример, дека „емисиите на јаглероден диоксид значително ќе се намалат во 2020 како резултат на продолжениот прекин на многу економски активности“. Сателитите на НАСА и на Европската вселенска агенција потврдија дека само во случајот со Народна Република Кина, нивото на нитроген диоксид е намален за 40 отсто, рече Пендаровски.

Според него, овие податоци недвосмислено потврдуваат две нешта. Прво, дека човекот е одговорен за емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата. И второ, дека природата сè уште може за релативно кратко време да врати дел од нарушениот баланс. 

 

Shpërndaj me

Loading...