fbpx

Близу 200 илјади пензионери ќе чекаат редици пред банките за да си ја подигнат новата картичка со државна помош од шест илјади денари. Од вкупниот број на ново предвидени платежни картички, 64 отсто или 182 илјади припаѓаат на најризичната категорија граѓани во време на пандемија, а тоа се пензионерите. Според владините најави картичките ќе почнат да се доделуват од средината на ноември, а парите ќе треба да се потрошат до крајот на годината. Досега само една банка има можност картичките да ги праќа по пошта. Исто така, ако треба друго лице да ги подигне овие картички во име на пензионерот, ќе треба да се обезбеди полномошно од нотар, што ем е трошок, ем голема обврска за граѓаните. Инаку, покрај пензионерите, платежни картички ќе добијат и:

 

-182.271 пензионери со пензии до 15 илјади денари

85.108 невработени, пасивни баратели на работа

5.726 картички на самохрани родители

540 студенти кои не добија картички во претходниот пакет

520 уметници и културни работници

 

Процесот на подготовка на 283 илјади платежни картички се уште не е започнат. Банките најпрво треба да се изјаснат дали печатењето на картичките ќе биде повторно на нивен товар и колку време ќе им треба за да може да ги изготват. Министерство за финансии треба да го подготви списокот на граѓани на кои им следува платежна картичка. Граѓаните не треба да аплицираат никаде, туку треба да се најдат на списокот кој ќе биде објавен на средината на октомври. Потоа списокот се распределува до баникте и започнува изготвувањето на картичките. Првото доделување на платежните картички помина во хаотична атмосфера пред банките, каде редици граѓани чекаа да ја подигнат доделената државна помош. Но, сликата пред банките и во овие денови не ништо поразлична.

 

Пред речиси сите банки во еден нормален ден граѓаните чекаат и по неколку часови да стигнат до шалтерите за да може да ги завршат обврските во банките.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...