fbpx

Колку партиските лидери придонесуваат за демократизација на едно општество и дали политичкиот процес е  жртва на лидерите кои не ги слушаат критиките? На ова прашање  претседателот на НСДП Тито  Петковски, во „Емисијата 200“ на Алсат ТВ рече дека во Македонија нема лидери, туку само партиски претседатели кои само доколу научат да го користат колективното знаење на членството ќе станат успешни.

„Политичките партии во Македонија се лидерски партии бидејќи функционраат врз лидерските принципи.  Партијата се идентификува со лидерот.  Се се врзува со моќта  и способноста на  лидерот, од доброто до лошото. Тоа не е само наша карактеристика така е и во светот. Лидери во Македонија јас искрено не гледам, според моите  сфаќања Македонија имаше само еден лидер тоа е  Киро Глигоров, неговиот лик и дело. Другите за мене се претседтели на политички партии. Лидер значи водство, но значи и да антиципираш и да гледаш во над хоризонтот, во иднината, рече Петковски.

 

Shpërndaj me

Loading...