Француски суд денеска го прогласи за виновен поранешниот премиер Франсоа Фијон за плаќање на неговата сопруга над еден милион евра јавни средства за „фиктивна работа“.

Фијон е осуден на пет години затвор – од кои три може да ги служи преку општокорисна работа. Тој, исто така, ќе треба да плати казна од 375,000 евра и ќе му биде забрането да се кандидира на избори во период од 10 години.

Неговата сопруга Пенелопе доби тригодишна условна казна, парична казна од 375.000 евра и двегодишна забрана за  кандидирање на избори

Фијон е обвинет за фиктивно вработување на сопругата Пенелопе, што и донело повеќе од еден милион евра. Тоа беше скандал поради кој му пропадна претседателската кампања во 2017 година.

МИА

Shpërndaj me

Loading...