fbpx

Жена на 31 година како пешак е повредена утрово околу 5 часот и 20 минути во Тетово откако во неа удрил автомобил. Таа е однесена во тетовската клиничка болница каде е задржана за опсервација поради здобиените повреди.

– На улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди А8“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Д.М. од тетовско Фалише, удрило во 31-годишната тетовка И.Т, која потоа со медицинско возило била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информират портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Shpërndaj me

Loading...