Пред сè уште неизвесниот почеток на туристичката сезона, концесионерите со плажи во Струга и Охрид се соочуваат со повеќе непознати прашања. Како и на кој начин би функционирале со новите мерки за работа на дистанца? За ништо велат дека немаат добиено никакви известувања. Дополнителен проблем е и тоа што договорите за концесионирање им се истечени на сите. На некои уште во 2014, а на некои во 2017 година.

„Ние навистина имаме врзани раце во случајот со плажите бидејќи не знаеме што да правиме понатаму, кога и како да ги ослободиме…“-рече Ајруш Мифтари-концесионер на плажа во Струга.

Некои концесионери имаат предлози како да се решат проблемите за сезонава. Бараат да им се продолжат договорите, но и да се ревидира цената за закуп.

„Ако може да се намали цената или ако може да не се наплаќа и капалиштата да се затвораат до 20 часот. Да има капалишта, да нема ресторани, да нема дискотеки“-изјави Илија Џепароски-концеисонер со плажа во Охрид.

Инаку од новите мерки кои евентуално ќе треба да ги применат, концесионерите велат дека она што ќе можат да го исполнат е да вршат постојана дезинфекција на лежалките и опремата. Би можело и лесно да се внимава на дистанцата помеѓу гостите и помеѓу поставените лежалки. Сè останато, велат, би било финансиски неисплатливо за нив.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...