Повеќе плажи во американската држава Флорида ќе бидат повторно затворени за да не се собираат голем број луѓе во обид да се спречи натамошно ширење на коронавирусот.

Гувернерот на таа американска држава Рон Де Сантис рече дека собирите на млади доведуваат до зголемување на бројот на пациенти.

Властите во таа земја најавија забрана за консумирање алкохол во баровите, а причината, како што појасни Де Сантис, е „широко распространето непочитување на мерките“.

 

Shpërndaj me

Loading...