742 граѓани кои се заразени со Коронавирус или се во самоизолација, се пријавиле да гласаат на 13 јули. Но, ДИК сè уште не ги подготви изборните одбори  за 32 од вкупно 58-те општини во кои ќе се гласа и во карантин. Здравствените работници постојано бараат да бидат отстранети од задачата со образложение дека се дежурни, хронично болни или се надвор од земјата. Само денес, ДИК одобри над 50 вакви барања.

„Во некои општини има најголем број пријавени за гласање од оние кои се заболени со КОВИД 19 и лицата кои се во изолација. Значи во  Тетово, бројот е 69 лица, во  Кичево 37, во Струга 57, во Ресен 61“, рече Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.

Во меѓувреме, 9465 болни и немоќни луѓе се пријавија  да гласаат на 14 јули. Се очекува изборните одбори  да ги одобрат или одбијат барањата. Бројот на акредитирани набљудувачи Е 2628  од кои 2414 се домашни , а 177 се странски набљудувачи.

Анеса Салиу

 

Shpërndaj me

Loading...