Изградбата на децениската пруга кон Бугарија повторно спропирана. Германската компанија ВИБЕ по четири години ја повлече механизацијата на терен и побарала раскинување на договорот до ЈП за железничка инфрастуктура. Менаџментот на фирмата е недостапен за јавноста, а од железници велат дека сега постапката почнува одново со нов тендер за изградба.

„…Според Договорот, овој проект требаше да биде завршен во рок од 30 месеци, односно до септември 2017 година. Изведувачот поради слабиот човечки и технички капацитет, успеа да реализира само 54% од вкупниот обем на работите“, велат од ЈП Македонски железници-инфраструктура.

Последниот став на Владата е дека првата делница ќе биде завршена, а со германска компанија ќе започне судски спор.

„Без разлика дали ќе има арбитража тој спор ние како држава ќе го добиеме…“, Горан Сугарески- Министер за транспорт и врски.

Изградбата на пругата кон Бугарија е бескрајна приказна и ветување на сите политички партии досега. Проценетата вредност за изградба на оваа пруга е 560 милиони евра.

ПРУГА КОН БУГАРИЈА:

Фаза 1 Куманово – Бељаковце          30,8 км         40 милиони евра

Фаза 2 Бељаковце – Крива Паланка   33,9 км        140 милиони евра

Фаза 3 Крива Паланка – Деве Баир   23,4 км          405 милиони евра

Низ годините, за изградба на оваа пруга беа склучени многу договори, отворени беа неколку тендерски постапки, позајмувани пари, а подготвени и неколку физибилити студии.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...