fbpx

Судењето за незаконското финансирање на ВМРО – ДПМНЕ се одложи. Причина е отсуството на претставникот на партијата, Наум Стоилкоски. Тој го известил утрово адвокатот дека е болен. Судот побара во следните три дена партискиот портпарол да достави лекарска документација. Во судница не се појави ниту вториот претставник Игор Јанушев, кој според одбраната не може да присуствува оти нема повеќе партиска функција, туку е само пратеник. Инаку за денеска обвинителството повика четворица сведоци кои требаа да објаснат дали и како уплаќале пари во партиската каса. Во овој случај обвинети се бегалецот Никола Груевски како и неговите најблиски соработници, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски но и Илија Димовски. Следното судење е закажано за по еден месец или на 21 октомври.

Shpërndaj me

Loading...