fbpx

Владата го задолжи министерството за финансии да обезбеди повеќе од 500 милиони евра, пари од меѓународните финансиски институции и останати инвеститори за изградба на железничка инфраструктура од Кичево до Струга. Ќе се користи стариот проект, според кој пругата кон Албанија ќе биде долга 63  километри а ќе чини 426 милиони евра. Наместо по крајбрежјето трасата треба да поминува преку тунел од планината Јабланица, директно до градот Прењас, со што се прифатени и забелешките од УНЕСКО во постоечкиот проект.  Доколку има потреба од нова промена на дел од трасата тоа дополнително ќе чини. Кога ќе започне и колку време ќе се гради Бочварки немаше конкретен одговор.

„Не можеме да имаме краен рок затоа што не е отпочнат проектот, кога ќе почне проектот секако ќе имаме крајни рокови. Јас сакам да бидам прецизен можем да зборувам за датуми и рокови но не сакам да нафрламе рокови од „ракав“ затоа што треба да си остануваме и на зборот“, рече Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Бочварски потенцира дека многу е важно каква инфраструктура имаат и од албанска страна, каков е пристапот до пругите во Албанија. Информациите со кои се располага се дека и преку границата има стара и дотраена пруга која треба да се реконструира. Дополнително, министерот вели дека и од Скопје до Кичево пругата ќе треба да се реконструира бидејќи станува збор за застарена пруга. Според Бочварски, треба да се работи на меѓу државно ниво но и со поддршка на Европската унија се со цел поголемо искористување на парите од меѓународните фондови. Инаку, изведбениот проект за пруга до Албанија ја  започна владата на ВМРО-ДПМНЕ, а по промената на власта пред две години го заврши СДСМ.

Иле Петревски

 

Shpërndaj me

Loading...