Кај 14 полицајци, од групата од 103 ставени во изолација, се добиени позитивни наоди на вирусот Ковид-19, дознава Алсат. Од нив, 8 се од единицата за брзо распоредување.

Претходно информиравме дека во изолација се ставени 103 припадници на полицијата под сомнение дека веројатно имале контакт со лица позитивни на вирусот.

Засега не се знае каде биле остварени можните контакти меѓу полицајците.

Неофицијално, најголем број од изолираните се од Скопје и од Тетово, но има информации дека е можен и  случај од Охрид и од други градови.

 

Shpërndaj me

Loading...