Новата министерка за правда на Австрија Алма Задиќ, која е родена во Тузла, а како дете мигрирала во Виена, ќе добие 24-часовна полициска заштита. Причината за ова се заканите кои и ги праќаат екстремните десничари, јави дописникот на МИА од Виена.

Задиќ веќе една недела е под закани, откако Партијата за Слобода на Австрија (ФПО) го повика претседателот Александер ван дер Белен, да не ја прифати новата министерка за правда. На апелот на ФПО се приклучија и екстремните десничари кои кажаа дека Задиќ за време на војната во Босна пребегнала во Австрија и сега, како што рекоа планира да вовде “Шеријатски закони” во Австрија.

Десничарите на социјалните мрежи пренесуваат информации дека најмладата министерка во историјата на Австрија имала многу врски со “исламистите”.

Партијата на зелените од чии редови доаѓа Задиќ, сметаат дека единствен проблем кои десничарите го имаат со новата министерка е тоа што таа не е “автохтона” австрика.

Shpërndaj me

Loading...