fbpx
Нема да бегам. Ова на фејсбук го напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, еден ден откако Врховниот суд соопшти дека ја потврди четригодишната затворска казна против неа за нарачката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра.
Таа на „Фејсбук“ објави и фотографија од полициско возило па напиша: „Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша поранешната министерка за внатрешни работи на нејзината фан – страница на „Фејсбук“.
Од МВР за Алсат потврдуваат дека ја следат Јанкулоска.
„Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а сè уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други инфомации е надлежен судот“, велат од МВР. Спепак, долга е процедурата додека Јанкулоска се најде зад решетки.

Shpërndaj me

Loading...