Охридското езеро денес ја доби првата полуподморница, пловен објект, кој се очекува да биде нова туристичка атракција во Охрид. Во неа ќе може да се видат подводните убавнини на езерото до скоро два метри длабочина. Нејзиниот капацитет е до 12 луѓе и во Охрид беше донесена од Сплит, Хрватска. Таа плови на површината од водата и не може да нурне целосно како класична подморница.

„…Има можност луѓето да се спуштат долу и да го разгледуваат подводниот свет низ факти. Односно тоа е некој стилизиран односно унапреден вид на чамец со стаклено дно. Метар и триесет и пет е целосното газење на овој пловен објект, под површината на водата“, рече Горан Устијаноски-Капетанија во Охрид.

Полуподморницата е долга 10 метри, а широка 2,5 метри. Се очекува наскоро да почне со работа. Од Капетанија на пристаништа во Охрид очекуваат во иднина бројот на вакви пловила да се зголемува поради атракцијата што ја нуди. Цената на ова пловило кое е во сопственост на фирма од Кавадарци, изнесува околу 130 илјади евра.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...