Претседателот на владата Оливер Спасовски денеска не кажа дали владата ќе ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за да прогласи полициски час за цел викенд во траење од 58 часа.

Во кус одговор рече дека прашањето е отворено и ќе се дискутира на попладневната владина седница.

„Попладне во 17 часот има седница на која ќе се расправа за одлуката“, рече премиерот Спасовски.

Предлогот на Комисијата е полицискиот час да започне утре во 19 часот, а да заврши во вторникот во 5 часот наутро.

Shpërndaj me

Loading...