fbpx

За разлика од другите туристички места во земјата кои се преполни со домашни туристи за време на топлите денови, Попова Шапка е празна, без ниту еден посетител.

Патната инфраструктура во овој дел е во лоша состојба. Уништени патишта, немање канализација и осветлување и немање паркинг места. Сето ова оди на штета на локалните инвеститори кои поседуваат хотели на ова туристичко место.

„Патот е многу расипан. Имаме уништена инфраструктура, уништени жичарници кои треба да се санираат. Како што можете да видите, собрани се сите лоши работи, имаме вирус, имаме не исполнети ветувања и во моментов се обидуваме сами да ја исчистиме канализацијата колку што можеме. Уништената инфраструктура прави да немаме гости затоа што тие ги уништуваат автомобилите, вие сами видовте каков пат имаме тука“.

“Единствените инвестиции направени овде на Попова Шапка се од приватни инвеститори кои градат викендички, а инфраструктурата, особено патот, останува како што гледате.”

Реагираа и од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

„Чекаме да се формира Владата во секој момент и повторно да контактираме со луѓето што беа таму и ни ветија. Како иницијатива, ние се приклучивме на протестот против поскапување на цената на електричната енергија и го замоливме нивното координативно тело да дадат поддршка и за Попова Шапка. Втората опција по решавање на овој проблем ќе бидат протестите за Попова Шапка“.

Досега сите министри од редовите на ДУИ ветуваа дека ќе се санира инфраструктурата, но реализација нема.

BAshkim Sulejmani

Shpërndaj me

Loading...