fbpx

Веќе неколку часа поради сомнителен пакет е затворен меѓународниот граничен премин “Обрежје” на хрватско-словенечката граница. Според првичните информации се работи за откриен пакет, што откако бил прегледан на скенер, полицијата се посомневала дека е бомба, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лицето кое сакало да го пренесе пакетот веднаш е приведено, а на граничниот премин се повикани специјализирани екипи од словенечкото Министерство за внатрешни работи да го прегледаат пакетот и да утврдат за што точно се работи.

Според локалните медиуми во овие моменти граничниот премин е затворен во двата правци.

Shpërndaj me

Loading...