Доведено е во прашање продолжувањето на натпреварите во Првата македонска фудбалска лига. Ренова и Шкендија потврдија дека седум нивни членови се заразени од вирусот, меѓу нив и спортскиот директор на Ренова, Фисник Нухиу.

Спортскиот директор на Фудбалскиот клуб Ренова, Фисник Нухиу е еден од петте лица од овој тим кои се позитивни на вирусот Ковид 19.

Имаме тројца фудбалери, еден од вработените што се грижи за одржување на објектот и фудбалерите, член на раководството кого сега нема да го кријам и ќе го кажам тоа, бидејќи се работи за мене. Јас сум позитивен. Тоа значи дека сме 5 члена на Ренова. Целиот клуб е во самоизолација“-изјави Фисник Нухиу, спортски директор на КФ Ренова.

Нухиу има 37 години и вели дека досега боледувал од грип, меѓутоа овој пат имал чудни симптоми.

Чувствувам симптоми што ги имам веќе 4 или 5 дена и секој пат кога јадам не чувствувам ништо. Јас дури и немам вкус, не мирисам ништо. Имав големи главоболки неколку дена, па дури и лековите не ми помагаа… “, рече Фисник Нухиу, спортски директор на КФ Ренова.

Нухиу не верува дека има услови за продолжување на сезоната бидејќи во идеални услови и со негативни тестови по 14 дена, тимот би имал по 3-4 тренинзи пред продолжението на сезоната. Кај Шкендија ќе бидат потребни втори тестови за двајцата фудбалери кои беа позитивни, додека Македонија Ѓорче Петров ги прекина сите спортски активности. Денеска Шкупи и Струга Трим Лум одбија да се тестираат за Ковид 19, па тестови ќе прават во државната болница наместо во „Аџибадем Систина“.

Махир Тачи

Shpërndaj me

Loading...