Шарпланинец-шарпланинско овчарско куче е регистриран како раса во ФЦИ (Светска кинолошка федерација) во 1939 год под бр 41 . Имајки во предвид дека ФЦИ е формирана во Париз во 1911 год можеме да кажеме дека шарпланинецот како раса е релативно рано регистриран, наведуваат од Кинолошкиот сојуз на Македонија.

Шарпланинецот, како што впрочем и самото име ни посочува, несомнено потекнува и е селектиран од автохтоната популација на овчарски кучиња во пределот на шарпланина , меѓутоа приматот на расата го делат Македонија и Србија.

За Шарпланинецот да добие две мајки е одлучено во Белград во 2002 год, каде што е одржан состанок на кој присуствувале претставници од сите кинолошки сојузи на ново создадените држави од Југославија како и претставници на ФЦИ. Иако македонските претставници барале

шарпланинецот да биде наша македонска раса одлучено е дека матични земји на шарпланинецот ќе бидат токму Македонија и Србија, двете земји кои во иднина само заедно можат да вршат  промени во стандардот на расата. Како што е познато стандардот е пишан документ за фенотипот на една раса-изгледот на расата: големина, боја, карактер, положба на уши, уши итн…

Тоа што приматот на расата е подеднакво распределен на две држави во никој смисол не ја обессилува ниту една од страните, туку напротив ја осилува светлата иднина на расата. Доколу генофонд на една раса е широк, таа раса има повеќе шанси за здравословна егзистенција. Имајќи предвид дека кинологијата е “спорт” кој што сплотува и обединува истомисленици (кинолози и кинофили) од сите четири страни на светот без разлика на: верата, нацијата, полот итн…

Ние денес можеме да констатираме дека сојузите на двете држави, а и самите одгледувачи од Македонија и Србија имаат одлична билатерална соработка, велат од Кинолошкиот сојуз на Македонија.

Во нашата држава не постојат официјални законски регулативи за зачувување на чистотата на расата. Сепак континуираниот процесот на презервација на генетската чистота на растата е обврска на КСМ уште од далечната “53 година на минатиот век. Оваа света обврска цели 67 години одговорно ја исполнува нашата институција- Киколошкио сојуз на РМ. Во таа смисла можеме чистосовесно да констатираме дека Шарпланинецот е во сигурни раце.

Бројот на легла во РМ. според годните се зголемува и шарпланинецот е секогаш традиционално помегу првите 3 раси во бројност. За ова придонесува и бројот на регистрирани одгледувачници во ФЦИ  вкупно 33, а исто така и бројот на кинолошките судии кои ја оценуваат – судат оваа раса на кучиња.Многубројни шарпланинци, од македонски реномирани одгледувачи ги красат кинолошките рингови ширум светот, а за тоа сведочи и успехот на македонските одгледувачи на Европски и Светските натпревари.

И како за крај би сакале да напоменеме дека нашата кинолошка генерација ги негува кинолошките традиции и пракси, така што ние денеска имаме одлични соработка со сите кинолошки институции како од регинот така и од светот.

Денеска, Кинолошкиот сојуз на Р.Македонија е полноправна членка на Светската кинолошка федерација (ФЦИ) во која членуваат повеќе од 100 земји ширум светот.

Колку да се знае Македонија има и само своја автохтона раса на овчарско куче која е во процес на признавање. Станува збор за Македонското овчарско куче – Караман.

Бројот на легла на кучиња од расата Шарпланинец осцилира, во 2018 год има 37 легла, последниов период е во пораст, 2019 има 53.

Shpërndaj me

Loading...