Во последните 24 часа регистрирани се 79 нови случаи на заболени од Ковид-19.

Резултатот е добиен по изработени 835 тестa, односно процентот на позитивните во однос на вкупниот број тестови е сличен како и претходните денови и се движи околу 10%.

Распоредено по градови:

Скопје – 44
Куманово – 9
Тетово – 8
Гостивар – 6
Штип – 3
Велес – 3
Прилеп – 1
Струга – 1
Охрид – 1
Битола – 1
Неготино – 1
Делчево – 1

Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа 2 пациентa позитивни на Ковид-19.

Едниот од нив е од Прилеп, а другиот од Струмица.

 

Shpërndaj me

Loading...