fbpx

Лидерите на сите три опозициски партии во Црна Гора потврдија дека е постигнат договор за формирање нова влада.

Тие на денешната конститутивна седница на Собранието го поддржаа предлогот – нов премиер да биде Здравко Кривокапиќ, а претседател на парламентот Алекса Бечиќ.

Лидерот на коалицијата „Црно на бело“, Дритан Абазовиќ, рече дека предлогот на ДФ е апсолутно прифатлив за таа коалиција, додавајќи дека ќе остане „човек од збор“.

„Доколку деловните форми се задоволат, можеме да го започнеме изборот на претседател на собранието од редовите на демократите, Алекса Бечиќ, и после тоа да ја официјализираме кандидатурата за нов премиер“, рече Абазовиќ.

Shpërndaj me

Loading...