fbpx

 

Вработените од Македонски железници откако постигнаа договор со претставниците на Владата, се вратија на работните места, а од полноќ стабилизиран е и железничкиот сообраќај. Утринава сите возови сообраќаат според нивниот возен ред. На средбата што вработените ја имаа вчера со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вработените ги прифатиле понуденото зголемување на додатоците на плата, како и повисок коефициент на сложеност при работа.

„И во делот на коефициентот постигнавме зголемување на него.Така што за сите оние наредни барања кои ги имат и нормално шесте барања кои ги имаа кажавме дека ќе разговараме и дека за дел од тие барања нема да биде никаков проблем.“ – изјави Горан Сугарески – министер за транспорт и врски

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека веќе се рзагледуваат и барањата за подобри услови за работа. Тој вчера го добил и барањето на Македонски железници инфраструктура за либерализација на пазарот во железничкиот сообраќај.

„Инфраструктурата би останала државна, пругата, шините, целата сообраќајна инфраструктура останува како што е денеска, но може да се случи да има повеќе оператори за транспорт кои ќе имаат свои возила, односно изнајмени возови и ќе сообраќаат со цел да се создаде конкуренција. Но, нормално ќе се внимава и за државниот интерес, односно за интересот на МЖ Транспорт.“ – вели Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања

Анѓушев вели дека сите претпријатија кои се во државна сопственост се предмет на сериозна анализа да се види во каква состојба се и ќе се бара начин како да се направат рентабилни и независни од дополнително интервенирање на државна помош со пари од Буџетот.

Верица Павловска

Shpërndaj me

Loading...