fbpx

Постигнат е договор меѓу жителите на Синичане и Урвиќ за продолжување на работите за водоснабдување на селото Синичане. Жителите на Урвиќ се согласија водата за која тврдат дека им припаѓа на нивното село, да ја отстапат, а за возврат тие побарале исполнување на пет барања. Нивните барања не беа откриени. Претставници на месните заедници на двете села и градоначалникот на Боговиње, по средбата која траеше четири часа, отидоа заедно на местото каде што се одвиваат работите, а се очекува заеднички да бараат отстранување на полицијата од местото.

 

Дојдовме до договор, но разговорите ќе продолжат, но главната работа е дека разговорите со Синичане завршија успешно. Водата што имаат намера да ја земаат не се оспорува од селото Урвиќ. Да, работите можат да продолжат и се надевам дека Владата ќе излезе со финансиска поддршка што е можно поскоро – изјави Хајредин Гафури, МЗ -Урвиќ.

Постигнавме договор околу 80-90 проценти позитивен. Денес одиме заедно со градоначалникот и месната заедница Урвиќ за да видиме кои извори ќе ги добие селото Синичане. Ќе побараме од полицијата да се повлече од местото на настанот за да продолжи работата, и потоа ќе видиме како ќе постапиме по состанокот во Владата во вторник. „Додека полицијата не се повлече, ние ќе бидеме таму – рече Бидајет Сулејмани, МЗ – Синичане.

Надминувањето на разликите го потврди и градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили. Тој не ги откри барањата на жителите, но додаде дека веќе кога страните постигнале договор полицијата треба да се повлече од местото каде што треба да се одвиваат работите.

Имаше пет барања, јас ќе откријам само едно, замена на целосниот цевковод што е прифатливо и дека ветувањата ќе бидат реализирани, тие бараат писмена гаранција од Владата. Нема причина полицијата да остане воопшто затоа што нема повеќе конфликти и работите мора да продолжат  – изјави Албон Џемаили Градоначалник на Боговиње.

Но, вчера по состанокот со владините претставници, Џемаили рече дека полицијата е добредојдена да одржува ред. Од друга страна, запрашан за потребната документација за водоснабдување, за која Владата рече дека ќе обезбеди помош со цел што поскоро да се реши проблемот со водата, Џемаили кратко рече дека треба да има добра волја.

Мислам дека мора да има добра волја и итност затоа што селото Синичане е без вода скоро еден месец. За другите процедури се согласија и тие – рече Албон Џемаили Градоначалник на Боговиње.

Во вторник се очекува да се одржи заедничка средба во Владата, од што ќе зависи дали ќе продолжат работите за водоснабдување. Жителите на Синичане кои веќе четврти ден протестираат рекоа дека нема да се повлечат, се додека не продолжи работата.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me

Loading...