Според медиумите во Црна Гора, потврдени се имињата на екипите кои ќе учествуваат во регионалната лига „АБА1“ и „АБА2“. МЗТ Скопје ќе биде дел од регионалната елита или АБА1 лигата, бидејќи словенечкиот тим Приморска ја загуби лиценцата за учество на овие натпреварувања. Тимот на МЗТ Скопје беше на третото место во „АБА2“ лигата и со тоа доби право да биде дел од кошаркарската елита во „АБА1“.

Ниту еден тим од Македонија нема да биде дел од регионалната лига „АБА2“, иако во текот на минатата недела екипите на Гостивар и Куманово покажуваа интерес, но никој од нив не испрати официјално барање. Затоа, „АБА2“ лигата ќе ја започне сезоната со четири екипи од Црна Гора и Србија, две екипи од БиХ и една екипа од Словенија и Хрватска.

 

Shpërndaj me

Loading...