fbpx

Вицепремиерката Мила Царовска не е загрижена што дел од институциите имаат реализирано нула отсто капитални инвестиции. Нејзиното оправдување за досегашната реализација од само 18 отсто, е дека секоја година во првите пет месеци помалку се гради. Царовска очекува до крајот на годинава реализацијата на капитални инвестиции да надмине 80 отсто.

„Оваа година имаме за 1,6 проценти повисока реализација од минатата година. И тоа е така во услови и на Ковид и на пандемија, и на два пати најавени избори, што укажува дека институциите се движат со соодветна динамика“, рече Мила Царовска, вицепремиерка за економија.

Иако за пет месеци  Министерството за транспорт и врски реализирало само една петина од капитални инвестиции предвидени за годинава, ресорниот министер Сугарески вели реализацијата е на високо ново.

„Имаме сериозна силна динамика, моите очекувања се согласно пресметките кои вчера ги правевме, и покрај здравствената криза капиталните инвестиции да бидат на високо ниво и во вториот квартал“, рече Сугарески.

Потфрлање во реализацијата на капитални инвестиции, освен државни јавни претпријатија, фондови и инспекторати кои не оствариле ниту еден отсто реализација имаат и Министерството за економија со 0,8 отсто или потрошиле  само 16.880 евра од предвидените речиси два милиони евра. Министерството за локална самоуправа пак од јануари до мај инвестирале 500 евра во капитални инвестиции од предвидените 160 илјади евра, или само 0,3 отсто.

Иле Петревски

 

Shpërndaj me

Loading...