fbpx

Судењето за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот најверојатно ќе почне во вторник, 21 јануари, изјави шефот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел. Прелиминарните фази како што е полагањето заклетва на сенаторите пред шефот на Врховниот суд кој е задолжен да ја надгледува расправата во Сенатот би можело да бидат кон крајот на неделава.

Претходно претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси најави дека овој дом денеска ќе гласа за проследување на обвинението против Трамп во Сенатот со што се отвара патот за негово отповикување. Трамп е обвинет за злоупотреба на функцијата и за спречување на истрагата во врска со наводите дека тој вршел притисок врз Украина да покрене истрага против неговиот најворајатен ривал на претседателските избори, демократот Џо Бајден.

Shpërndaj me

Loading...