27 годишната родилка од Куманово е најновата жртва од коронавирусот. Таа беше хоспитализирана на инфективната клиника во Скопје. На 30 март жената имаше предвремено породување на гинекологија, а после еден ден беше пренесена на инфективно.

Бебето е во добра здравствена состојба. Освен пчинатата млада жена, во последните 24 часа се регистрирани уште две други смртни случаја од болеста и 18 нови заразени. Вкупниот број на заболени од Ковид-19 сега достигна 617, а бројот на починати е 30. Министерот за здравство Венко Филипче наведе дека позитивните 18 случаи од последните 24 часа се од вкупно тестирани 351 лице. Најголем број на заразени има во Скопје, а во Куманово има најмногу жртви. А, од денеска полицискиот час на ниво на државата почна од 16 до 5 наутро.

Улиците во главниот град за неколку минути се испразнија, а во текот на денот важеа строгите мерки за движење за постарите лица од 67 години и за младите под 18. Со последната владина одлука за време на викендот полицискиот час ќе трае 24 часа и тоа од 16 часот во петок до 5 часот наутро во понеделник. На јавен простор смее заедно да се движат најмногу по две лица, мерката не важи за семејствата.

Во последните 24 часа 67 граѓани се ставени во изолација, 84 во самоизолација. 345 граѓани се ставени во карантин, а од карантин се излезени 260 лица. Полицискиот час не го почитувале 35 граѓани.

Сите граѓани кои за време на полицискиот час ќе имаат итни случаи или други неопходни потреби не смеат да излегуваат од дома без претходно да ја информираат за тоа полицијата на телефонскиот број 192. Во спротивно, ќе бидат казнети.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...