Во судницата во Хашкиот трибунал денеска се случи невиден скандал. Хрватска и светот се во шок откако среде изрекувањето на пресудата се самоуби еден од некогашните водачи на босанските Хрвати, генералот Слободан Праљак и тоа во жив телевизиски пренос. Во моментот кога Хашкиот трибунал му изрече казна затвор од 20 години, тој ги отфрли обвинувањата дека е воен злосторник и испи отров. „Слободан Праљак не е воен злосторник. Ја презирам пресудата, извика Праљак и ја испи течноста. Судијата и останатите во првиот момент не сфатија за што станува збор и продолжи изрекувањето на пресудите за останатите обвинети. Откако самиот генерал соопшти дека испил отров, судот ја прекина работата. Јавноста во Хрватска веќе бара да се отвори судски процес против самиот Хашки трибунал.

Shpërndaj me

Loading...