fbpx

Продолжувањето на конститутивната седница на Собранието ќе се свика по исполнување на уставниот рок за доверување на мандатот. Новиот состав треба да го закаже форматот на Комисијата за избори и именувања од која треба да се предложи името на претседателот на Собранието и на потпретседателите. Кој ќе биде собраниски спикер ќе зависи од политичкиот договор, а петте потпретседатели ќе се поделат на тројца за мнозинството и двајца за опозицијата. Поделбата на работните тела ќе се врши според принципит 60 – 40 во полза на мнозинството. Иако деловникот не определува, врз основа на консензус опозицијата принципиелно раководи со Комисијата за надворешна политика, Комисијата за набљудување на работата на безбедносните служби, Комисијата за транспорт и врски, Комисијата за земјоделство, Комисијата за труд и социјална политика и Комисијата за финансирање и буџет. Минатиот мандат опозицијата раководеше и со Комисијата за избори и именувања, но не се знае дали таквата пракса ќе се следи и во овој состав. Минатиот собраниски формат наиде на тешкотии од оваа комисија поради отсуството на консензус меѓу власта и опозицијата.

Иако за такво нешто не се изјаснија официјално, Движењето Беса не ја исклучува можноста за формирање парламентарна група одвоена од СДСМ, со цел соодветна застапеност во работните тела. За тоа ќе и треба уште еден пратеник, бидејќи на изборите од 15 јули на заедничките листи со коалицијата „Можеме“, Беса обезбеди четири мандати. Од денеска почнуваат да течат роковите за доделување на мандатот. За разлика од претходните пракси, овој пат претседателот Стево Пендаровски изјавик дека мандатот ќе им се довери на партиите кои ќе обезбедат 61 потпис, со цел избегнување на ситуации како во 2016 година кога победничката партија го доби мандатот без да има обезбедено мнозинство во Собранието. Експертите велат дека во таква ситуација, Претседателот може да почека 15 дена за известување дека е обезбедено мнозинството, бидејќи Уставот се повикува на „партиите кои обезбедиле мнозинство во Собранието“.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...