Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.

Како што информираат од УЈП, во ова прво тримесечје од годината скенирани се  49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари.

Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.

Повратот за ова тримесечје изнесува  343.803.953 денари, односно  5.590.000 ЕУР. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8 700 граѓани.  

Исплатата се врши во неколку етапи и ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешки во нив, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

 

Shpërndaj me

Loading...