fbpx

Стартуваат преговорите за новата Влада. Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави стабилна влада која во четиригодишниот мандат ќе се зафати со решавање на прашањата за правна држава, економските, здравствени но и продолжување на евроинтегративните процеси.

„ Граѓаните преку гласањето ги даваат правците и очекувањата. Фала Богу коалицијата предводена од СДСМ може да формира влада и со ДУИ и со Алијанса и Алтернатива зависи од отстранување на национализмите,зависи од цело едно поглавје за прочистување на правосудството

„ Никојпат не сме немале проблем како СДСМ за определбата на било кој кандидат, за било која функција во државата, но секако треба да се има и бројки за премиер. Со 15 пратеници премиер не се добива“

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека во периодот што следи ќе има средби за формирање на мнозинство, кое нема да фингира решавање на проблемите со економијата и здравството, туку на брза лента ќе ја однесе Македонија во ЕУ. Не верува во можноста дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да даде поддршка на спротивниот табор.

„ Инаку ДА, на оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на името на раководството на СДСМ пријдоа и кажаа и со згрозување ги одбија , и јас со згрозување одбивам да коментирам ваков тип на пазар.

И лидерот на ДУИ Али Ахмети најави почеток на преговорите.

„Мислам дека од денеска можат да почнат преговорите. Сеуште нема ништо конкретно“.

Претседателот на Алтернатива рече дека во преговорите ќе настапат како Коалиција со Алијансата.

„Нема да преговараме одвоено, како Алтернатива ние сме коалиција, и ако некој не повикува на преговори ќе одиме заедно, но како што знаете претседателот не им дал мандат на никого ќе почекаме да видиме кој ќе биде мандатар да ја видиме неговата визија за влада. Ако тие мислат дека може да бидеме и ние, тогаш ја гледаме можноста“.

Според Уставот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Законодавниот дом, да го довери мандатот за состав на новата Влада.

Vesna Vellkova

Shpërndaj me

Loading...