fbpx

Од денеска мајките на деца до шестгодишна возраст, жени кои користеа породилно отсуство и по истекот на законскиот рок, како и дел од хронично болните, се вратија на работа. Нивното отсуство од работните места траеше безмалку шест месеци поради пандемијата и мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Одлуката на владата го зголеми бројот на деца во градинките, каде што според Министерството за труд и социјална политика, сè уште има 4 илјади слободни места, што беше една од причините за донесување на одлука за враќање на работниците на работа. Денеска во некои од градинките беше евидентно дека има новозапишани деца. Сепак, ваквата одлука на Владата не наиде на добри реакции особено кај административците. Тие се жалеа дека имале кратко време за адаптирање на децата во градинка, сè уште не е воспоставена целодневната настава во училиштата за децата од прво до трето одделение, но и за оние од четврто одделение кои нема да можат да следат настава преку Интернет без помош на родителите.

Како што дознава Алсат, некои од мајките кои неделиве протестираа пред Владата, отвориле годишен одмор. Но, има и такви кои биле принудени да дадат отказ од работното место.

Реакции има и од хронично болните лица кои исто така побараа да не се враќаат на работа бидејќи државата првично дозволи оваа мерка да трае до зимата. Од Министерството за здравство соопштија дека на работа нема да се вратат само оние кои ќе имаат потврда од специјалист дека не можат да се вратат на работа или оти имаат влошување на болеста. Министерот Венко Филипче рече дека лице кое имало срцев удар пред пет години не може да бара да не оди на работа ако до пред пандемијата ги извршувал сите професионални обврски. Инаку, според извештајот на Министерството за здравство денеска беа регистрирани 5 жртви од Ковид-19, 183 новозаразени, а 102-ца излекувани.

Mefail Ismaili

Shpërndaj me

Loading...