fbpx

Американската јавност е разочарана по првата дебата меѓу двајцата кандидати за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и Џо Бајден. 74-годишниот претседател и неговиот 77-годишен демократски ривал го искористија дуелот за лични напади, на висок тон, а неколкупати требаше да интервенира и модераторот.

„Сите знаат дека Трамп е кловн и лажго. „Вие сте најлошиот претседател што го видела Америка, рече Бајден.

„Додека вие немате ништо интелигентно. Вие сте кукла командувана од радикалната левица”, возврати Трамп.

Во неколкуте тивки моменти во текот на 90-те минути, дебатата се фокусираше на прашања како што се економијата, Врховниот суд, здравствениот систем, расизмот и интегритетот на изборите на 3 ноември. Бајден исто така го доведе во прашање лидерството на Трамп во врска со состојбата со пандемијата, од која починаа над 200.000 луѓе во оваа земја.

„Тој знаеше во февруари колку е сериозна кризата, колку е смртоносна болеста. И не ја извести јавноста зашто наводно не сакал да предизвика паника. Тој лично паничеше. Да излезе од бункерот каде што седи и да направи се што е потребно за да се спасат животите на луѓето“, рече Бајден.

„Џо, направив за 47 месеци колку што ти направи за 47 години. Никогаш немаше да го сториш тоа што го сторивме ние затоа што го немаш тоа во твојата крв. Со тебе би починале многу повеќе луѓе, затоа што кога ги затворив границите со Кина рано поради вирусот, ме обвинивте дека сум ксенофобичен, но всушност таа одлука спаси илјадници животи“, одговори Трамп.

На крајот од дебатата, анкетите покажаа дека американската јавност изразува незадоволство. 48 проценти изјавиле дека дебатата ја добил поранешниот демократски потпретседател Бајден, кој сега ќе треба да се соочи со шефот на државата уште двапати на 17-ти. и 22-ри октомври.

Анеса Салиу

Shpërndaj me

Loading...