Фасцинантен е целиот процес на создавaње нов живот, 9 месеци во кои расте бебе и кое штом дојде на овој свет, ништо повеќе не останува исто.  Досега сме биле сведоци на виртуелен приказ на случувањата во утробата на мајката за тие 9 месеци, на првите мигови од животот на бебето штом ги отвори очите и го пушти првиот плач…

Мајката го слуша првиот плач, првото дишење и отчукување на срцето, а потоа бебето преминува во рацете на стручниот персонал од родилиштето и повеќе не гледа што се случува. Дали спие, како спие, како го хранат и бањаат..

Но, што всушност се случува во првиот час од животот на едно бебе, откриле тим на шведски научници, истражување кое е објавено на сајтот Science News.

Тие го набљудувале животот на 28 новороденчиња веднаш по породувањето и забележувале сè што прaват во првите моменти на овој свет.

Еве го целиот процес:

Минута 1: Бебето испушта крик за да ги активира белите дробови.

Минута 2: После првиот плач, бебето се опушта и лежи мирно на мајчините гради. Авторите на истражувањето претпоставуваат дека мирува за да се скрие од потенцијална опасност од околината, страв од тоа некој да не му наштети. Веруваат дека е ваквата активност е последица на вродениот инстинкт.

Минута 2,5: Бебето првпат отвора очи и почнува да ја поместува главата и устата.

Минута 8: Бебето станува активно и ги држи отворени очите пет минути. Почнува да бара храна и ја врти главата кон мајчините гради.

Минута 18: Бебето задремува.

Минута 62: Првиот подој – бебето голта мала количина колострум. Мајчините гради се стимулирани и почнуваат да произведуваат млеко.

Минута 70: Бебето спие.

Shpërndaj me

Loading...