fbpx

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села јавно ги повика Движењето БЕСА и Алтернатива за предизборна коалиција. Во емисијата „Патот кон“, Села ексклузивно побара Алијанса, БЕСА и Алтернатива да се обединат против ДУИ, ДПА и НДП, со цел формирање на два албански блока.

 Зијад Села, лидер на АА

„Со други зборови, кратко и јасно, не сум имал се уште преговори за избори, јас како претседател на Алијанса за Албанците, било со Движењето Беса, било со Алтернатива. Но јавно ги повикувам оттука, Алијанса за Албанците е заинтересирана за коалиција со Движењето Беса и Алтернатива заедно. Не, не е и ДПА. ДПА ќе му ја оставиме на Али. Бидејќи тој бара ние да се обединиме, нека се соедини и тој. Ние ќе работиме заедно со БЕСА и Алтернатива да се случи оваа коалиција. Во меѓувреме и Али кој постојано повикува да се обединиме, еве и тој нека ги земе Весел и Мендух и да направиме два политички блока“

Премиерот Зоран Заев верува дека коалицијата со ДУИ ќе продолжи и по изборите во април. Според Заев, со ДУИ ги обединува владината програма, оценувајќи ја соработката како коалиција која ги реши најважните прашања за земјата.

 Зоран Заев – премиер

ВМРО ДПМНЕ преговара за реорганизирање на предизборните коалиции. Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски вчера изјави дека преговори се одржуваат и со партии на Албанците кои се партнери на СДСМ.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...