fbpx

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Северна Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе се доставени во грчкиот Парламент и откако ќе ги поминат предвидените процедури, ќе треба да бидат ратификувани.

Трите предлог закони се и првите што доаѓаат во грчкиот Парламент по промената на власта во Грција. Тие беа ратификувани, но не и со гласови од пратениците од Нова демократија, со оглед на тоа што, како опозиција беа против Договорот од Преспа и воопшто не ги поддржуваапак спогодбите што произлегуваат од него. Затоа, сега, од СИРИЗА ќе бараат гласањето за трите меморандуми да биде јавно, со прозивање на секој пратеник, јави МИА од Атина.

Shpërndaj me

Loading...