Хашкиот трибунал изрече конечна пресуда за шестмина босански Хрвати предводени од Јадранко Прлиќ. Изрекувањето на конечните пресуди е прекинато откако по изрекување конечна пресуда, кога Слободан Праљак рече дека испил отров.

Жалбениот совет засега потврди затворски казни за тројца лидери на Херцег-Босна поради злосторства над муслимани во 1993-1994 година во рамки на злосторнички потфат кој обвинителите го нарекоа обид за создавање голема Хрватска.

Жалбениот совет на Тибуналот за Прлиќ, воен премиер на самопрогласената Хрватска Република Херцег-Босна потврди затворска казна од 25 години.

За министерот за одбрана на ХРХБ Бруно Стојиќ во жалбената постапка е потврдена казна од 20 години затвор.

Казна од 20 години затвор потврдена е и за началникот на главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана на ХРХБ, Слободан Праљак.

По изрекувањето на пресудата тој рече: Праљак не е воен злосторник. Со презир ја отфрлам вашата пресуда, и потоа испо непозната течност од мало шише.

Бранителите на Праљак рекоа дека нивнито клиент испил отров по што е прекинато судењето и одредена пауза.

Жалбениот совет треба да изрече конени пресуди за заменикот командант на ХСО Миливој Петковиќ кој неправосилно е осуден на 20 години затвор.

Пресуди чекаат и  командантот на воената полиција на ХСО Валентин Чириќ (осуден на 16 години затвор) Бранислав Пушиќ претседател на Комисија за размена на воени затвореници (првостепено осуден на 10 години затвор).

Прлиќ и останатите се виновни за кампања за прогон на муслимани од осум општини во западна Херцеговина и средна Босна од пролетта 1993 до пролетта 1994 година.

Со конечната пресуда тие злосторства се направени во рамки на здружен злосторнички потфат со цел воспоставување „хрватски ентитет, делумно во рамки на Хрватска бановина од 1939 година“.

Shpërndaj me

Loading...