fbpx

Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово е прекинат процесот на запишување на учениците од прво одделение откако еден од наставниците бил позитивен на коронавирус. Директорот Реџеп Алили, заедно со уште 39 наставници се во самоизолација поради контакт со колегата.

„Постепено ќе бараме тестирање на оние за кои мислиме дека имале контакт со ова лице. Родителите исто така ќе бидат известени преку нивните адреси, телефонски броеви и електронски пошти. На 15 јуни ќе продолжиме со уписот на првачињата. Комисијата за прием на ученици и заразеното лице немале никаков контакт со родителите кои доаѓаа да ги запишуваат своите деца.“

Алили најави дека родителите кои веќе ги запишале своите деца немале можност да контактираат со заразеното лице затоа што просторот за прием на ученици од основно училиште е посебен. Уписот ќе започне по дезинфекцијата на училиштето. Во другите основни училишта, запишувањето во прво одделение се врши според здравствените препораки. Во некои од нив, поставени се импровизирани канцеларии во надворешните простории на училиштето.

Milihate Rustemi

 

Shpërndaj me

Loading...