Англиската федерација, по видео конференцијата со екипите од Премиерлигата, одлучи продолжувањето на сезоната да биде одложено на неодредено време и нема да се игра се додека не се обезбедат оптимални услови за игра. Раководствата на клубовите ќе разговараат со сите фудбалери во Премиер лигата за намалување на платите за 30 проценти. „Клубовите од Премиер лигата едногласно се согласија да ги замолат своите играчи да се откажат од 30 проценти од нивниот приход“, се вели во соопштението на Премиерлигата. По оваа одлука Премиерлигата нема да може да започне на почетокот на мај, како што беше претходно најавено, а колку ќе трае оваа пауза зависи од пандемијата со „Ковид 19“.

Shpërndaj me

Loading...