fbpx

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа изгласа резолуција, со која се ограничува претседателот Доналд Трамп да почне војна против други држави без одобрување и дебата во Конгресот.

Гласањето е резултат на нападот со беспилотно летало и убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, што предизвика жестока реакција од Техеран во вид на ракетни напади врз две сојузнички воени бази во Ирак.

Законодавците стравуваат дека елиминацијата на иранскиот генерал може да има продолжителни реперкусии и да предизвика војна со Иран.

Резолуцијата беше одобрена со 224 гласа „за“ и 194 „против“. „За“ гласаа сите демократи и уште тројца републиканци. Мат Гец, поддржувач на Трамп од Флорида, по ова прашање застана зад демократите.

– Мислам дека Конгресот треба да го има најважниот глас за работи поврзани со војна и мир, изјави тој синоќа по гласањето.

Со ова, демократите бараат Конгресот да биде консултиран за секој иден план за воен напад на Иран, исклучок се одбранбени дејства. Тие сметаат дека претседателот треба да има намалени ингеренции во однос на одлуки за војна со држави како Иран и да нема право на вето ако законодавниот дом е против.

Shpërndaj me

Loading...