fbpx

„На првиот ден од продолжениот празничен викенд некаде околу 11 часот, колони автомобили се движат кон најатрактивните плажи на Охридското крајбрежје.Илјадници гости од сите краеви на земјава, многумина од нив дојдени и со ваучери или пак луѓе кои овде имаат свои викенд станови го наполнија градот и буквално Охрид овие неколку дена неможе да дише“.

А, на плажите беше преполно од посетители.Но не се почитуваа ниту препораките за држење социјална дистанца,иако предвиденото растојание од чадор до чадор треба да биде 4 метри.

„Гледам не држат доволно растојание некои.Да крпите се една до друга.Сега послаа лежалка до нас веднаш морав детето да го повлечам понаваму за да не е во близина.Но ако има некој во близина, маските се овде во ташна“.

„Цела Македонија е тука„.

„Јас сум сместен во хотел во центарот и има гужви, полн е и хотелот“.

„ Сега сме претежно од овде од државата, нема странци, само културата е уште ниска во однос nа хигиена.Тоа треба да се искорени но тешко“.

Од 25 контроли кои само вчера ги извршиле од пазарниот инспекторат во угостителски објекти, биле поднесени 5 прекршочни и една кривична пријава во однос на непочитување на протоколите за работа.На помош дошле и инспектори од Скопје и Гостивар.

„На неколку од плажите констатиравме дека нерегистрирани субјекти си вршат услуги на плажите и за тоа се преземени прекршочни санкции“, изјави Цветко Ристески-државен пазарен инспектор Охрид.

Ако до пред десеттина дена сите се жалеа на загуби, сега приватното сместување е речиси 100% исполнет, а, се издаваат и соби на периферијата на градот. Хотелите се со околу 80-100 % исполнетост.

Но, она што остава неубава слика е хигиената.Охрид утрово се разбуди со огромни количини на смет, расфрлани отпадоци на разни локации во стариот дел на градот и кејот.Па нив ги чистеа екипи на јавното претпријатие Охридски комуналец,а и охриѓани кои се сами организираа .Велат дека тоа е најмногу од помладите кои прават забави на отворено до рано наутр.о Од Комуналец велат дека дневно собирале и по 250 метри кубни отпад.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...