fbpx

Во недела, на 12 ноември повторно ќе се гласа во избирачкото место 2.901 во општина Чаир. Вака реши Државната изборна комисија откако денеска Управниот суд одлучи да ја прифати 16 – та жалба на Движењето Беса за ова избирачко место.

Образложението за повторување на гласањето на ова избирачко место е бидејќи имало едно гласачко ливче повеќе во кутијата отколку гласачи кои се потпишале на Избирачкиот список.
Како што се наведува во жалбата, оваа неправилност ја евидентирале и членовите на Изборниот совет во записникот на денот. Избирачкото место 2.901 во Чаир има вкупно 719 гласачи. Во вториот круг на изборите на ова избирачко место гласале 278 лица. За кандидатот на Движењето Беса, Зеќири Ибраими гласале 164 лица, додека за кандидатот на ДУИ Висар Ганиу 98. Со оглед на големиот број на избирачи на ова избирачко место, може да се доведе во знак прашалник победата на Висар Ганиу за градоначалник на општина Чаир.

Како што информираат од Управниот суд, отфрлени се 15 други жалби, 11 од Алијанса за Албанците, три од Движењето Беса и една од Народното движење на Македонија.
Во вториот круг од локалните избори во општина Чаир, победник на изборите беше Висар Ганиу од ДУИ, кој успеа да собере вкупно 13.916 гласови против Зеќириа Ибрахими од Беса, со 13.707 гласови.

Mелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...