fbpx

Министерот за здравство на Косово, Арбен Земај оценува дека одлуката на македонската Влада за влез на косовските граѓани во земјава со негативен ПЦР тест го спречува слободното движење на граѓаните и стоките. Земај бара косовскиот амбасадор Дедај да изрази загриженост на косовските власти за недостигот на соработка.

„Преку амбасадорот на Косово во Република Северна Македонија,Ѓерѓ Дедај, изразив загриженост за оваа избрзана постапка и барав да се избегнат бариерите за проценка и двонасочна соработка  на епидемиолошката состојба и слободното движење“, рече Арбен Земај, Министер за здравство, Косово.

Според податоци на  Алсат во последните две недели, односно по отворањето на границите во Северна Македонија, поминале околу 49.050 граѓани од земјите за кои се бара ПЦР тест. Најголем број од нив биле од Косово 29.495 граѓани, Србија 18.814 граѓани, од Босна 615 граѓани и од Црна Гора  123 граѓани.

Граѓаните на овие земји за влез мора да пополнат формулар во кој ќе го наведат местото каде што ќе престојуваат. Од граѓаните кои транзитираат не се бара ПЦР тест, но се бара да ја напуштат земјата во рок од 5 часа и да возат по автопат или регионалните патишта. Оваа мерка не важи за македонските граѓани кои ја преминуваат границата на овие земји.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...