Регулаторната комисија за енергетика го повика ЕВН да го реши проблемот со високите сметки што периодов им ги испорачува на многу домаќинства, инаку во спротивно може да остане без лиценца за работа. Ова доаѓа по бројните поплаки од страна на граѓани доставени до оваа комисија за високи сметки за април и мај.

„Како што ги повикавме потрошувачите да ги плаќаат своите сметки за електрична енергија, така сега му наредувам на ЕВН да ги прифаќа отчитаните податоци за електрична енергија на потрошувачите и веднаш да пристапи кон корекција на сметките за електрична енергија“, рече Марко Бислимовски- Претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Од ЕВН преку соопштение појаснија дека од 15 април е започнато отчитување на броилата и во месец мај корисниците добиле порамнети сметки. Досега сите корисници кој доставиле нова состојба, добиле корегирани сметки.

„ЕВН Македонија ги почитуваше препораките на Регулаторната комисија за енергетика и Здравствените власти за да се спречи ширењето на коронавирусот според кои, во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа. Околу 200.000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо“, велат од ЕВН.

Препораките на Регулаторната комисијата од појавата на падемијата беше компаниите до 15 април да не ги читаат броилата, да не исклучуват за неплатени сметки и доколку некој од корисниците има финансиски потешкотии, привремено да не ги плаќа сметките.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...