fbpx

Продолжи судењето против Владимир Панчевски во велешкиот суд. Денеска сведочеше лице кое било вработено во компанијата која го одржувала и развивала АКМИС системот за електронско распределување на предмети во Кривичниот суд. Инаку Панчевски е обвинет дека наместо по електронски пат, на рака делел предмети кај судии кои сметал дека му се од доверба. На тој начин додека бил Претседател на судот, поделил 40 предмети, а два од нив се и случаи на кои работеше СЈО. Панчевски од 15 – ти јули е во притвор, откако три дена беше недостапен за полицијата, по сам се пријави во затворот Шутка.

Shpërndaj me

Loading...