fbpx

Продолжуваат нападите против лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, од неговите поранешни сопартијци. Откако вчера Мицкоски се извини за постапките во минатото на поранешните лидери на ВМРО ДПМНЕ, на реакцијата на поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, се придружи и Филип Петровски, кој за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ имаше повеќе јавни позиции. Петровски кој менуваше повеќе политички страни досега и во моментов не е член на партијата го нарече сегашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ голема грешка на Груевски. Петровски го обвини Мицковски дека како советник во Владата и директор на ЕЛЕМ добил големи суми пари и хидроцентрали.

 

„Христијане ти не си ВМРО. И сега тоа ќе го слушаш секој ден. Време е да бидеш разоткриен. Јас и другите што ова ти го кажуваме не го напаѓаме ВМРО, туку го ослободуваме од тебе. Деновиве ќе гледаш како сите ќе станат против тебе. Ќе излезе на видело целата злоупотреба на ВМРО, идеологијата и партијата за твоја приватна забава“.

И дел од колумнистите реагираа на говорот на Мицковски одржан по повод „Илинден“. Ненад Јовановиќ кој ја поддржува СДСМ го обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ дека се обидува да го негира суверенитетот на Републиката и побара тој да замине од политичката сцена.

„Мицкоски за Илинден вели, „ВМРО било кодот на Македонецот“. За внимателен исчитувач, Мицкоски од Републиката прави ентитет, а не Република. Северна Македонија е Република затоа што тука не живеат само Македонци. Што во пластичен превод значи дека ја негира државноста и суверенитетот на Републиката, и ја прави исклучиво етничка, а со тоа ја подрива и урива државата. Тоа неписмено створење кое е на политичката сцена за да дезинтегрира и урива, а со тоа ја поткопува државноста и суверенитетот на Републиката, јас мислам дека треба да му се покаже „излезна врата“ од политичката сцена“.

 

Во вчерашниот говор по повод  „Илинден“, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, меѓу другото рече дека му се извинува на народот за сите неправди што му биле направени од поранешните лидери на ВМРО ДПМНЕ. Тој ги нарече поранешните членови на партијата јаничари кои се гладни за власт.

Shpërndaj me

Loading...