Календарот на Мото ГП продолжува со измени за оваа сезона, поради пандемијата „Ковид 19“. Натпреварот за Големата награда на Јапонија неодамна беше откажан. Трката во Мотеги беше закажана за 16 и 18 октомври, но е откажана поради пандемијата. Трката за Големата награда на Јапонија им се придружува на откажаните натпревари во Катар, Германија, Холандија, Финска, Велика Британија и Австралија. Трките од Мото ГП за 2020 година се очекува да започнат во Херез, Шпанија.

Shpërndaj me

Loading...